Словенија: Младеновски и Илирија изненадувачки подобри од Олимпија!

Илирија ја прекина негативната серија од три порази во низа после изненадувачкиот триумф на гостин кај Петрол Олимпија (81:86).

Македонскиот интернационалец Љубомир Младеновски придонесе во успехот со шест поени (2/4 од поле, 2/2 од слободните фрлања), пет скока и една блокада за скоро 14. минута на паркетот.

На табелата Илирија е на шестото место со 16 бодови, еден помалку од Олимпија која е на третата позиција.

Во следното коло клубот на нашиот играч својот прв меч од новата 2018. год. ќе го имаат дома против послаборангираниот Хелиос Домжале.