Слабо следи фудбал, Антиќ: Швајнштајгер? Кој е тој?

Кошаркарот на Црвена Звезда, Перо Антиќ беше евидентно расположен после победата над Партизан во српското вчерашно дерби (84:100) во АБА лигата.

Македонскиот интернационалец беше еден од најзабележителните во триумфот на „црвено-белите“ постигнувајќи 13 поени за враќање на победничките патеки.

Нашиот играч беше толку импресиониран од победата што тој дури и не можеше да се сети кој беше Бастијан Швајнштајгер, кој беше во Арената „Пионир“ на дербито и навиваше за Партизан.

Кој е тој? Не го забележав. Се шегувам, знам кој е, но слабо следам фудбал“, рече Антиќ за српските медиуми, а потоа се насочи на завршениот натпревар:

Знаевме дека станува збор за една специфична пресметка и дека во нејзе секој да влезе и повеќе од што донесува еден „скаутинг“ и тренинг. Среќен сум што победивме. Тренираме, одлично почнавме на овој меч и погодивме отворени шутеви.

Добивме на самодоверба и така продолживме. Сепак, треба да ја поправиме одбраната. Примивме многу поени, со оглед на тоа што сме евролигашка екипа. Ова е дерби, навивачите им дадоа сила. На крајот важен е резултатот“.

33-годишниот германски фудбалер Швајнштајгер кој своевремено ги бранеше боите на Баерн Минхен, годинава е дел од Чикаго Фајр (24 натпревари, 3 голови). Лани на 12. јули се ожени со српската тенисерка Ана Ивановиќ.