Си обезбеди настап во Евролига: Будуќност со прва шампионска титула во АБА лигата! (ВИДЕО)

Вечерва црногорскиот состав испиша историја освојувајќи ја својата прва титула во регионалното кошаркарско натпреварување.

Будуќност триумфираше во четвртиот меч против Црвена Звезда со резултат 77:73 и ја доби финалната серија со конечни 3:1.

Херој на Црногорците беше Ивановиќ кој при резултат 70:70 постигна четири поени и на тој начин беше скршен отпорот на „црвено-белите“ во чии редови ниту на денешниот меч не беше македонскиот интернационалец Перо Антиќ кој и понатаму се опоравува од повредата.

Прв стрелец во тимот на Будуќност беше Гордиќ со 18 поени (пет асистенции), следен од Ивановиќ со 17 поени, а на спротивната страна за српскиот претставник 15 поени (седум скока, шест асистенции) запиша Рочести.