Сениорките започнуваат со подготовките за евроквалификациите

Македонската сениорска селекција во женска конкуренција од денеска официјално ги започнува подготовките пред натпреварите од квалификациите за Европското првенство.

Сениорките ќе тренираат двапати на ден, во спортската сала „Јане Сандански“ каде впрочем ќе го одиграат и првиот натпревар од овој прв квалификациски циклус, против силната Италија која ни доаѓа на гости в сабота, 11. ноември (почеток на натпревар 17:00 часот).

Од скратениот список, селекторот Марјан Лазовски нема да може да смета на капитенот Јелена Антиќ, Ана Тантуровска и на Ивона Пејковска кои заработија незгодни повреди.

Заедно со селекторот Лазовски и неговиот асистент Стојна Вангеловска ќе работи и Златко Јанакиевски кој е одговорен за физичката подготвеност на кошаркарките.

Првиот тренинг на нашата национална женска селекција ќе се одржи денеска (6.ноември) со почеток во 17:00 часот во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.