Сениорите со прв собир, Давитков: Сакаме поддршка, по нова победа над Словачка!

Националната селекција во машка сениорска конкуренција го одржа првиот собир во пресрет на натпреварот против Словачка во рамки на вториот прозорец од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Селекторот Јорданчо Давитков повика 16 за овој натпревар и сите одговорија на неговиот повик. Првата прозивка помина во комплетен состав.

Сениорите во наредните три дена ќе се подготвуваат за натпреварот кој е од исклучителна важност. В недела, со почеток во 20:15 ч. во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје сениорите ќе ја нагостат Словачка која ја совладаа во ноемврискиот прозорец.

Влезот ќе биде бесплатен за сите кои ќе сакаат да го проследат од трибините.

Поминавме многу добро таму, сега треба истиот да го завериме чекорот на домашен терен. Очекувањата е победа, не размислуваме многу на друго. Имаме 16 играчи, ќе видиме кои 12 ќе го понесат товарот.

Сакаме поддршка од публиката, добра игра и победа и да завериме пласман во наредната рунда. Нема да дозволам никакво опуштање, сакам да бидеме максимално фокусирани и да одиграме како што знаеме. Хендрикс имал грип, не тренирал шест дена.

Подготвен е, ќе тренира четири дена. Може нема да може да даде 100%, но знаејќи го него како одигра во Словачка, сигурно ќе даде максимум. Тука ќе ги имаме и Трајковски и Костоски, кои сигурно ќе ни бидат од помош.

Додека сум селектор, ќе ги повикувам сите што се најдобри во македонската кошарка. А дали ќе играат, тоа е нивно“, – истакна селекторот Давитков на првиот тренинг.

Фото: mkf.mk