Сега го нема Антиќ, но останува МекКејлеб во поширокиот список за евро-претквалификациите!

Селекторот на националната селекција во машка сениорска конкуренција излезе со поширокиот список на кошаркари повикани за новиот натпревар во рамките на претквалификациите за Евробаскет 2021.

Македонија предводена од селекторот Јорданчо Давитков својот следен трет претквалификациски меч ќе го има на домашен терен против селекцијата на Словачка која во првиот меѓусебен дуел ја совладавме на гости со 66-74.

Натпреварот ќе се одигра в недела (25. февруари) со почеток во 20:15 ч. во спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје.

За разлика од претходните пошироки објавени списоци, овојпат го нема играчот на Црвена Звезда, Перо Антиќ, иако сега има и причина (покрај лошите односи со федерацијата) поради неговата повреда која веќе не му дозволува да настапи на последните неколку натпревари за својот клуб.

Од друга страна и на најновиот поширок список се наоѓа плејмејкерот Лестер Бо МекКејлеб, но тој досега вообичаено не одговараше на повиците.

32-годишниот МекКејлеб сезонава има нов клуб, игра за шпанската Сарагоса каде што неговиот просек од досега осум одиграни натпревари во тамошната лига е 11.8 поени, 2.8 скокови, 3.6 асистенции, 1.4 украдена топка.

Од останатите Американци со македонски пасош, организаторот на игра Џордан Теодор беше еден од најзабележителните во мундијалските претквалификации, но не играше против Словаците и Швајцарците.

Па, така, најверојатно главен приоритет ќе биде центарот на Галатарај каде што сезонава покажува одлични перформанси и на домашно, но и меѓународно ниво, Ричард Хендрикс.

Војдан Стојановски (Демир Инсаат Бујукчекмеџе)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Александар Костоски (БЦМУ Питешти)
Дарко Соколов (МЗТ Скопје Аеродром)
Адем Мекиќ (Куманово)

Бобан Стајиќ (Куманово)
Андреј Магдевски (Гостивар)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд)
Димитар Караџовски (Куманово)

Стојан Ѓуроски (Блокотехна)
Диме Тасовски (Гостивар)
Бојан Трајковски (МЗТ Скопје Аеродром)
Марко Симоновски (МЗТ Скопје Аеродром)

Кирил Николовски (Работнички)
Ѓорѓи Чековски (Работнички)
Љубомир Младеновски (Илирија Љубљана)
Бојан Крстевски (Работнички)

Александар Штерјов (Куманово)
Марјан Јанески (Куманово)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)

Ричард Хендрикс (Галатасарај)
Лестер Бо МеКкејлеб (Сарагоса)
Џордан Теодор (Армани Милано)

Група А, претквалификации ЕП 2021

Словачка-Македонија 66:74
Македонија-Швајцарија 83:68

3. коло Македонија-Словачка 25. февруари 2018 год.
4. коло Швајцарија-Македонија 28. јуни 2018 год.

Табела:

1.Македонија 4 бодови
2.Словачка 1
3.Швајцарија 1