Самарџиски и Мега започнаа со триумф во АБА лигата

Српскиот кошаркарски клуб ја започна новата сезона со победа на домашен терен.

Во првото коло екипата на Мега Бемакс со конечен резултат 95:88 ја совлада Цибона.

Во триумфот придонесе македонскиот интернационалец Предраг Самарџиски со четири поени.

Кај неговите тимски колеги најефикасен беше Енис со 23 поени (пет асистенции), а кај Хрватите се издвои Розиќ со 17 поени.