Романија: Нова одлична партија за Костоски во победата на Питешти

Денеска во рамките од 25. коло во најсилниот романски кошаркарски шампион нов триумф на Питешти…

На домашен терен со резултат 78:74 го совлада тимот на Клуж Напока, иако на полувремето имаше негатива од 38:45.

Одново одлична партија на македонскиот интернационалец Александар Костоски кој беше втор стрелец за својата екипа со 16 поени (пет асистенции, два скокови) за нешто над 25. минути игра на паркетот.

Питешти останува на шестото место со 39 бодови, шест помалку зад водечкиот Сибиу.