Романија: Костоски прв стрелец во новиот пораз на Питешти

Македонскиот интернационалец повторно блескаше во дресот на Питешти…

Во новиот натпревар од романскиот кошаркарски шампионат неговиот клуб загуби на гостувањето кај Темишвар со резултат 82:70.

Плејмејкерот Александар Костоски запиша беше прв стрелец со 16 поени за скоро 31 и пол. минута на паркетот (2/2 од поле, 3/5 за три поени, 3/4 од слободните фрлања), додаде три скока, четири асистенции и имаше една загубена топка.

После регуларниот дел Питешти заврши на шестото последно место на табелата со 47 бодови и во плеј-офот ќе игра против екипата на Орадеа која ја освои третата позиција, зад водечките Клуж Напока и Сибиу.