Романија: Костоски и Питешти го „декласираа“ тимот на Галати!

Во 14. коло од најсилното романско кошаркарско првенство составот на Питешти дома со 103:73 беше подобар од Галати.

На табелата после деветтиот триумф (втор по ред) сезонава Питешти е на петтото место со 23 бодови, три помалку зад лидерот Клуж Напока. Во следното коло на 22. јануари ќе гостува кај екипата на Крајова.

На денешниот меч македонскиот интернационалец, плејмејкерот Александар Костоски за нешто над 25. минути игра на паркетот забележа осум поени (1/1 од поле, 2/5 за три поени), додаде два скока, пет асистенции и по две украдени и загубени топки.