Репрезентативците до 18 години на турнир во Босна и Херцеговина

Националната селекција до 18 години ќе земе учество на пријателски турнир во организација на кошаркарскиот клуб Кош кој ќе се одигра во престолнината на Босна и Херцеговина, Сараево, викендот од 6. до 8. април.

За јуниорската генерација, домаќинот повика вкупно шест учесници, кои ќе разигруваат меѓусебе. Во групата А се сместени репрезентативците на Босна и Херцеговина, КК Будуќност и Спарс додека во втората група, група Б покрај нашата репрезентација се наоѓаат Кварнер и домаќинот Кош.

Распоред на натпревари:
петок (6. април)
Кош – МАКЕДОНИЈА (16:00часот)
сабота (7.април)
Кварнер – МАКЕДОНИЈА (12:00часот)
недела (8. април)
натпревар за пласман

Селекторот на репрезентацијата Панче Милевски ќе го одржи првиот тренинг со своите избраници идниот понеделник (2. април).

-РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ ОД ГЕНЕРАЦИЈАТА ДО 16 ГОДИНИ НА ТУРНИР ВО КОСОВО-

Репрезентативната селекција до 16 година која е дел од проектот на ФИБА насловен како „Заедно до М16“ наредната седмица ќе заминат на турнир во Косово каде ќе одиграат неколку натпревари во рамки на овој проект. Во Приштина, нашите репрезентативни кошаркари предводени од тренерското дуо во состав Александар Јованчев (селектор) и Мартин Атанасовски (асистент) ќе одиграат натпревари против соодветните селекции на Бугарија, Романија како и на домаќинот на овој турнир.

Кошаркарите ќе започнат со тренинзи идниот понеделник (2. април) во попладневните часови. Салата во која ќе се одржуваат тренинзите ќе биде дополнително објавена.

Список на кошаркари за турнир Косово 2018

Лука Савичевиќ
Љубиша Димитровски
Стефан Јовановски
Марко Величковски
Михаил Наумоски
Марко Миловановиќ
Гоце Петрушевски
Бранко Шуменковски
Андреј Андоновски
Давид Наумовски
Богдан Мирковски
Драго Стојановиќ
Славко Трајковски

Сите повикани кошаркари задолжително да ја носат опремата од кампот одржан во Маврово минатата календарска година. Поаѓањето е пред Дрводекор в петок (6. април) во 11:00 часот.