Работнички славеше во дербито, со стотка против МЗТ Скопје Аеродром!

Откако вчера беше прекинато поради немилите настани кои ги предизвикаа навивачките групи..

Денеска продолжи пред празни трибини во салата „Градски парк“ дербито од Првата македонска кошаркарска лига на 19. коло.

Работнички ја продолжува победничката серија од стартот на сезоната, дојдоа избраниците на тренерот Докузовски и до 19. победа против градскиот ривал МЗТ Скопје Аеродром со 100:84.

Во победничките редови доминираа Костов со 31 поен (девет скокови, четири украдени топки) и Гинјард со 22 поени (четири скокови).

На спротивната страна за „металците“ 24 поени и четири украдени топки беа дело на Крофорд, следен од Мајсторовиќ со 17 поени и седум скокови.

Работнички останува на врвот со 38 бодови, пред Блокотехна на второто место со 35, а трет е МЗТ Скопје Аеродром со 32.