Прва лига: „Соколите“ немаа решение за моќната Блокотехна!

Во претпоследниот натпревар од осмото коло во Првата македонска кошаркарска лига, Блокотехна како гостин со 50:84 го совлада Карпош Соколи.

Доминација на гостите уште во првата четвртина која што ја освоија со 11:30, како и следната со 9:25 за огромни 20:55, а во вториот дел нешто порамноправна битка, иако разликата остануваше голема.

И во третите 10. минути подобри беа Блокотехна со 10:15, а во последната четвртина поуспешни беа „соколите“ со 20:14.

За Карпош Соколи први стрелци беа Богдановски со 17 поени (пет скокови, четири загубени топки) и Атанасов со 16 поени (пет скокови, четири загубени топки).

На спротивната страна 22 поени (шест скокови, четири украдени топки) забележа Колев, следен од Дујковиќ со 16 поени (13 скокови).

На табелата води Блокотехна со 15 бодови, еден повеќе од Работнички кој својот меч треба да го има в среда и градското дерби против МЗТ Скопје Аеродром.