Прва лига: Ниту Куманово не може да ја запре серијата на Работнички!

Во дербито на 12. коло Работнички го забележа и 12. триумф дома над Куманово со конечен резултат 81:77 (26:22, 17:15, 27:21, 11:19).

Најефикасни во победничките редови беше Гинјард со 19 поени (осум скокови), следен од Николовски со 15 поени (осум скокови, четири асистенции).

На спротивната страна за кумановската екипа блескаше капитенот Јанески со 23 поени (седум скокови), по 12 поени имаа Караџовски (седум асистенции, пет загубени топки) и Караколев.

Тимот од Градски парк и понатаму не знае за пораз, цврсто го држи врвот во генералниот пласман со максимални 24 бодови.

Во останатите мечеви: Блокотехна-Кожув 91:54, Шкупи-Пелистер 81:86, Гостивар-Фени Индустри 92:59, АВ Охрид-Струмица 103:61.

Рундата треба да биде комплетирана на 17. јануари со дуелот помеѓу Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аеродром со почеток од 18:00 часот.

Табела:

1.Работнички 24 бодови
2.Блокотехна 22
3.Гостивар 20
4.МЗТ Скопје Аеродром 19 (-1)
5.Куманово 19
6.АВ Охрид 18
7.Фени Индустри 18
8.Карпош Соколи 16 (-1)
9.Пелистер 15
10.Кожув 15
11.Шкупи 14
12.Струмица 13