Прва лига: Куманово водеше цел меч, на крајот се радуваше Карпош Соколи!

После дуелот помеѓу Шкупи и Блотехна (83:115), вториот натпревар на саботната агенда беше дуелот помеѓу Фени Индустри и АВ Охрид.

На трикратниот шампион во домашното првенство му беа потребни пет дополнителни минути игра за да го совлада противникот во третиот натпревар за оваа сезона.

„Галебите“ речиси ја имаа победата в рака, но во финишот останаа без концентрација, домаќинот тоа знаеше како да го искористи за да се избори за продолжение во кое за пет минути постигна двојно повеќе поени од гостинскиот состав.

Фени Индустри – АВ Охрид 92-82 (18-22, 24-9, 14-20, 18-23, 18-8)

СТРЕЛЦИ

Фени Индустри: Петровски (12поени), Пајиќ (8), Марковски (8), Магдевски (16), Мирковиќ (19), Дејвис (29)
АВ Охрид: Михајловски (4), Јанески (3), Донески (3), Глигоријевиќ (6), Бојоски (2), Цонков (11), Бери (31), Крег (13), Лаим (9)

Во нешто слична атмосфера мина и последниот натпревар на распоредот помеѓу актуелниот вицешампион Карпош Соколи и Куманово.

Резултатот беше во полза на кумановци речиси во текот на целиот натпревар, но една лоша четвртина, во која гостинскиот состав уфрли 32 поени наспроти скромните 12 на домашниот, значеше анулирање на таа предност, а потоа и резултатски пресврт.

Куманово – Карпош Соколи 83-94 (27-22, 19-18, 25-22, 12-32)

СТРЕЛЦИ

Куманово: Јанески (11поени), Караколев (5), Коваќ (12), Рејм (13), Штерјов (5), Караџовски (18), Милковиќ (19)
Карпош Соколи: Николовски (11), Соколов (22), Делиќ (20), Браун (9), Чомагиќ (2), Лабовиќ (7), Мекфаден (12), Ѓуроски (11)