Прва лига: Кожув и Гостивар убедливи против Пелистер и Струмица

Се одиграа уште два натпревари од 10. коло во Првата македонска лига…

Кожув како домаќин со 95:73 го преслуша Пелистер за вкупно втор триумф сезонава.

Гевгеличани беа предводени од Пековиќ со 30 поени (12 скокови, четири загубени топки) и Нацевски со 28 поени (четири асистенции).

На спротивната страна за битолчани блескаа Џон со 32 поени (седум скокови, четири загубени топки) и Луис со 21 поен (по шест скокови и загубени топки).

Убедлив беше и Гостивар на гостувањето кај Струмица (60:92), Делипетров за домаќините постигна 20 поени, а за седмата победа е најзаслужен Димчевски со 23 поени (по шест скокови, асистенции и украдени топки).

Рундата треба да биде комплетирана на 25. декември со мечот помеѓу актуелниот бранител на титулата, МЗТ Скопје Аеродром против АВ Охрид.