Прва лига: Гостивар непријатно го изненади Фени Индустри!

Во претпоследниот натпревар од првото коло за натпреварувачката сезона 2017/2018 во Првата лига во машката конкуренција, екипата на Гостивар славеше на гостински терен, среде Кавадарци, против Фени Индустри.

Натпреварот изобилуваше со пресврти на резултатот, последниот и најзначајниот во последните неколку минути од последниот период, но по истекот на четириесеттата минута на семафорот стоеше 92-96 (21-25, 24-25, 24-17, 23-29) во корист на гостите.

СТРЕЛЦИ
Фени Индустри: Петровски (8поени), Марковски (10), Пајиќ (9), Милков (6), Магдевски (21), Мирковиќ (14), Дејвис (24)
Гостивар: Димитриевски (3поени), Сегариќ (16), Димчевски (11), Робев (14), Тасовски (13), Павловски (2), Тодоровиќ (19), Зекири (16)

Колото ќе биде комплетирано по утрешниот натпревар (18:00 часот) помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Цената на билетите за репризата на плејоф-финалето од минатата сезона изнесува 100 денари, а истите може да се купат на касата при спортскиот центар „Јане Сандански“, како и онлајн преку интернет-страницата http://ticketplus.mk/