Прв пораз за Блокотехна, а Работнички продолжува без грешка во Првата лига

Се одигра дербито од шестото коло во Првата македонска кошаркарска лига…

Во дуел помеѓу непоразените екипи до нивниот меч, Работнички како домаќин со 71:55 ја совлада Блокотехна.

Работнички беше предводен од Костов кој ги одигра сите 40. минути на паркетот и реализираше 15 поени (14 скокови), додека Гинјард забележа 14 поени (девет скокови, пет асистенции).

За Блокотехна 14 поени и 10 скокови запиша Казарновски, пред Малори и Младеновиќ (четири скокови, седум асистенции) со по 11 поени.

Тимот од „Градски парк“ сега останува единствениот без пораз во шампионатот и е на првото место на табелата со 12 максимални бодови, пред гевгелиската екипа која го претрпе првиот пораз и има еден бод помалку.

Во вториот меч Охрид на домашен терен со конечен резултат 105:92 беше подобар од Шкупи. За Охриѓани доминираа Бери со 32 поени (осум скокови), по 18 поени имаа Зимиќ (12 скокови) и Кенет (шест асистенции). На спротивната страна одлична партија имаше и Афам со 32 поени (шест скокови), следен од Тајрон со 23 поени (пет скокови).

Охридп после четвртиот триумф сезонава е третопласиран со 10 бодови, додека Шкупи кој реди само порази од почетокот на првенството е на 10. место со шест бодови.

Рундата треба да биде комплетирана со следните мечеви: Струмица-Кожув, Куманово-Фени Индустри, Карпош Соколи-Пелистер, МЗТ Скопје Аеродром-Гостивар.