Претквалификации ЕП 2021: Косово и Романија можни наредни противници на Македонија!

Нашата национална селекција во сениорска машка конкуренција на крајот на месец февруари ќе одигра уште два натпревари од првата рунда во рамки на претквалификациите за Евробаскет 2021.

Во моментов, нашата селекција е првопласирана во групата А, а на денешниот ждреб во Минхен се извлекоа и групите за втората рунда од овој претквалификациски циклус.

Доколку Македонија го задржи првото место во групата А, тогаш во наредната рунда ќе се пресмета со четврторангираните селекции од групите Ц и Д од европските квалификанти за СП2019. Засега, тоа се селекциите на Косово и Хрватска.

Моментно во првата рунда од претквалификациите за ЕП 2021, во групата А води Македонија со две максимални победи и четири бодови, пред Словачка и Швајцарија кои имаат по еден.

На 25. февруари избраниците на селекторот Јорданчо Давитков ќе ја пречекаат Словачка, а на 28. јуни ќе гостуваат во Фрибург кај Швајцарија.