Познати ривалите на Карпош Соколи во ФИБА Европа купот

Македонскиот кошаркарски клуб ќе игра во Групата Х од кошаркарскиот ФИБА Европа куп.

Карпош Соколи за противници ќе има две екипи од Унгарија, и една од Русија, а официјално се очекуваФИБА в четврток да ги потврди сите формирани групи.

Популарните „соколи“ ќе играат против Шолнок (Унгарија), Нижњи Новгород (Русија) и Фалко (Унгарија).

Првопласираните две екипи од секоја група ќе се пласираат во втората фаза.

Според најавите првите натпревари ќе се одиграат на 17/18 октомври 2017 год., а завршницата е во мај 2018 год.

Календарот на ФИБА вели дека на стартот Карпош Соколи ќе гостува на 18. октомври кај Шолнок со почеток од 20:30 часот.