Познат распоредот на натпревари во Првата женска кошаркарска лига

Македонската кошаркарска федерација го објави распоредот на натпревари во Првата лига во женска конкуренција за натпреварувачката сезона 2017/2018.

Бранителот на трофејот Бадел 1862 во првото коло ќе гостува на 21. октомври 2017 година кај екипата на Трокал.

Во останатите два меча истиот ден ќе се сретнат, Вардар на домашен терен против Шкупи, а Струга 2009 пред своите гледачи ќе го пречека Пелистер.

ЦЕЛИОТ РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ВО ПРВАТА МАКЕДОНСКА ЖЕНСКА КОШАРКАРСКА ЛИГА ТУКА