Познат противникот на Блокотехна во полуфиналето на Балканската лига

Вчера официјално се дознаа сите учесници на годинешниот Фајнал-фор турнир во кошаркарската БИБЛ лига.

Сезонава завршницата ќе се одржи во Самоков (Бугарија) следниот викенд и воедно познати се и полуфиналните двојки.

Нашиот кошаркарски клуб Блокотехна во првото полуфинале според програмата од 14:00 ч. по македонско време на 14. април (сабота) ќе ги одмери силите против бугарската екипа на Левски Лукоил.

Истиот ден, но од 17:30 ч. ќе се игра и второто полуфинале помеѓу Рилски Спортист (Бугарија) и Башкими (Косово).

Наредниот ден (15. април, недела) од 14:00 ч. ќе биде борбата за третото место, а големото финале е од 17:00 ч.