Повторно проблеми за Црвена Звезда, повреден Антиќ!

Кошаркарите на српскиот клуб ќе бидат ослабени во завршницата од сезоната, откако се повреди македонскиот интернационалец.

Перо Антиќ, искусниот центар многу значи за екипата на Црвена Звезда која е српски и регионален шампион, и неговото отсуство претставува голем хендикеп.

Антиќ го повреди скочниот зглоб и според најавите ќе го пропушти евролигашкиот натпревар против Реал Мадрид в петок од 19:00 часот, последен домашен сезонава во Белград, како и „мајсторката“ против црногорскиот Морнар Бар (понеделник, 21:00 ч.) за пласман во финалето на АБА лигата.

Не е познато колку нашиот играч ќе мора да паузира, но според првите информации најверојатно околу две недели ќе биде надвор од терените.