Потврдено: Ривалите на Карпош Соколи во ФИБА Европа купот! (ФОТО)

Веќе објавивме претходно кои се ривалите на македонскиот кошаркарски клуб, се чекаше само потврда од страна на ФИБА која имаше обврска денеска само да ги официјализира сите групи во новата сезона од ФИБА Европа купот.

Карпош Соколи дефинитивно ќе игра во последната група Х заедно со Шолнок од Унгарија, Нижњи Новгорд од Русија и уште еден противник од Унгарија, Фалко Вулкано.

Првото коло е закажано за 17/18 октомври, а популарните „соколи“ првиот меч ќе го имаат на гости кај Шолнок со почеток од 20:30 часот на 18. октомври 2017 год.

Да додадеме уште дека Бујукчекмече од Турција каде што настапува нашиот репрезентативец Војдан Стојановски и кои успеаја преку квалификациите да обезбедат настап во групната фаза ќе играат во претпоследната група Г со Белфиус Монс-Хено од Белгија, Химик од Украина и Сигал Приштина од Косово.