Потег каков што ретко се гледа: Дончиќ со тројка од кош на кош! (ВИДЕО)

Новата кошаркарска голема надеж Лука Дончиќ (18) повторно го привлече вниманието…

Во 12. коло од Евролигата во дресот на Реал Мадрид на дуелот против Барселона имаше спектакуларен потег.

Во последната секунда од третата четвртина од кош на кош реализираше тројка за резултат 68:52 на семафорот.

Словенечкиот интернационалец во победата на „кралевите“ реализираше 16 поени, седум асистенции и шест скокови.