После поразите од Косово и Естонија, назадувавме на ФИБА ранг листата!

Македонија назадуваше за четири места на денешната најново објавена ФИБА ранг листа.

После поразите од Косово и Естонија и неуспешните мундијалски претквалификации предводени од селекторот Јорданчо Давитков, „црвено-жолтите“ моментно се на 38. место со 153.8 поени.

Зад нас е Велика Британија (152.9), а пред нас е селекцијата на Израел (155.5 поени). Шанса за подобрување на ранкингот македонската сениорска репрезентација ќе има во претстојните евро претквалификации наредниот месец против Словачка и Норвешка.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ; ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЕВРОБАСКЕТ 2021

23. ноември, 2017 година
Словачка – МАКЕДОНИЈА

26. ноември, 2017 година
МАКЕДОНИЈА – Швајцарија

25. февруари, 2018 година
МАКЕДОНИЈА – Словачка

28. јуни, 2018 година
Швајцарија – МАКЕДОНИЈА

Да додадеме уште дека Топ 3 најдобри репрезентации на ФИБА ранг листата се САД (819.6 поени), Шпанија (693.2) и Србија (641.0).

Ако е веќе за податок, Швајцарците се на 62. позиција (66.7), веднаш пред Словаците на 63. позиција (65.0 поени).