После инцидентот на мечот со ФМП, Павличевиќ не е повеќе играч на МЗТ!

Црногорскиот интернационалец Никола Павличевиќ повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска шесткратниот кошаркарски шампион на Македонија спогодбено го раскина договорот со него.

Инцидентот што се случи по неодамнешната средба против ФМП, во кој Павличевиќ нервозен по поразот во речиси добиен натпревар влезе во конфликт со навивачите, е причината поради која клубот и кошаркарот заеднички решија дека вакво решение е најдобро во моментов за двете страни.

Навивачите се составен дел од МЗТ Скопје Аеродром и сите во клубот мораат да знаат дека ваков начин на однесување кон нив е апсолутно недозволив и дека секој израз на непочитување во иднина ќе биде санкциониран според одредбите на Дисциплинскиот правилник.

Фото: mztskopjeaerodrom.mk