Перо Антиќ доби награда за играч на месецот (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркар беше еден од клучните фактори во редовите Црвена Звезда во вчерашната победа над Партизан (84:100) во АБА лигата.

Неговата форма ја препознаа и навивачите на српскиот гигант кои му ја доделија наградата за играч на месецот. Воедно, Перо Антиќ покажа колку голем човек е, откако веднаш на својот Твитер профил објави дека други го заслужиле ова признание, односно негови тимски колеги:

Благодарност до навивачите, но оваа награда му припаѓа на Бјелица или Рочести“, истакна поранешниот член на европскиот шампион Фенербахче и НБА составот на Атланта Хокс.