Охриѓани добија и словенечка лекција во втората АБА лига!

Никако да прекине негативната серија од високи порази од дебитантската сезона во втората АБА лига на македонскиот кошаркарски клуб.

Денеска во 11. коло на домашен терен во СРЦ „Билјанини извори“ АВ Охрид загуби од Приморска Копер со конечен резултат 58:94 (12:27, 18:23, 18:27, 10:17).

Расположени кај Охриѓани беа Рос со 22 поени (пет скокови, седум загубени топки) и Бакоч со 12 поени (седум скокови).

На спротивната страна за словенечката екипа 18 поени беа дело на Ферме, следен од Морина со 13 поени (четири скокови).

На табелата АВ Охрид останува на последната 12. позиција со 12 бодови и во следното коло на 4. јануари 2018 год. нашиот претставник ќе гостува кај Борац Чачак од Србија.

Фото: AV Ohrid/Mega Production