Одложено дербито помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром

За денеска беше најавено новото градско дерби од четвртото коло во македонската кошаркарска Суперлига…

Дуелот требаше да започне од 19:00 часот во „Градски парк“, но според информациите истиот е одложен поради неисправни технички уреди во спортската сала.

Средбата ќе се одигра најверојатно утре (16. април, понеделник) во термин кој дополнително треба да биде одреден.

Да додадеме уште дека во текот на оваа лигашка рунда веќе се одигра еден меч, Гостивар-АВ Охрид (83:66), а исто така одложен е и пресметката меѓу Блокотехна и Куманово, поради настапот на гевгелискиот клуб овој викенд на Ф4 турнирот во БИБЛ лигата.

Во плеј-аут лигата Карпош Соколи на домашен терен ја совлада Струмица со 93:87, иако на полувремето имаше негатива од 41:49.

На табелата Фени Индустри има 40 бодови, два повеќе од Кожув, следуваат Пелистер (35), по 32 Шкупи и Карпош Соколи, и последнопласирана Струмица (29).