Одличен старт во АБА: МЗТ Скопје Аеродром подобар од Партизан!

Одличен старт на македонскиот кошаркарски шампион во новата сезона од АБА лигата.

Вечерва во првото коло во СЦ „Јане Сандански“ пред одлична атмосфера на трибините, скоро исполнети, со навивачи и за македонската и српската екипа, триумфираше МЗТ Скопје Аеродром против Партизан со резултат 92:89 (26:25, 16:23, 21:19, 29:22).

За „металците“ доминираа Стојановски со 25 поени (пет скокови, четири асистенции), потоа Трајковски со 20 поени (14 скокови) и Гарсија со 17 поени.

На спротивната страна за „црно-белите“ 16 поени и шест скокови забележа Величковиќ, по 12 коша имаа Милер, Вилијамс-Гос и Андриќ.

На 3. октомври 2017 год. избраниците на тренерот Александар Тодоров во второто коло ќе гостуваат во Србија против составот на ФМП.

Фото: MZT Skopje Aerodrom/Dragan Mitreski – Dadi