Ново добро издание на Костоски против лидерот во романскиот шампионат

Денеска во рамките од 12. коло во романскиот шампионат пред своите гледачи Питешти загуби минимално од Клуж Напока со 81:82.

Македонскиот интернационалец Александар Костоски за домашниот состав за 29. и пол минути игра имаше 15 поени (2/3 од поле, 3/7 за три поени, 2/2 од слободните фрлања), додаде пет скока, шест асистенции и една украдена топка.

Тоа беше вкупно петти пораз сезонава за Питешти кој моментно е на петтата позиција со 19 бодови, а Клуж Напока е на врвот со 24.