Новиот тренер на Партизан: МЗТ не заслужува да биде на дното во АБА!

„Црно-белите“ овој период добија нов тренер, станува збор за Ненад Чанак…

Тој ќе дебитира на клупата на Партизан в сабота во рамките од 12. коло во АБА лигата против МЗТ Скопје Аеродром.

Чанак го напушти Спартак Суботица, а на тоа место го замени Мирослав Николиќ. Пред овој дуел Партизан го има петтото место на табелата во регионалното натпреварување со пет победи и шест порази, додека македонскиот шампион е на последната позиција со биланс 2-9.

МЗТ според квалитетот на играчите не го заслужува местото каде што се наоѓа моментно на табелата. Навистина го почитувам тренерот Лукајиќ кој имаше големо влијание на мојата кариера како професионален кошаркар.

Тој е еден вид на тренер „борец“ кој не се предава и сигурно ќе ја мотивира својата екипа против мојата. МЗТ има добро избалансиран тим одвнатре и однадвор, особено во внатрешните позиции каде што има четири играчи кои се компатибилни и претставуваат голема опасност во секој момент. Очекувам да дадеме максимална енергија и искрено се надевам на поддршка од трибините“, рече Чанак.

Натпреварот помеѓу Партизан и шампионот на Македонија ќе се игра в сабота од 19:00 часот во салата „Александар Николиќ“ во Белград.

Мораме во мечот да влеземе максимално и таа енергија да не паѓа во ниту еден момент, без оглед на резултатот. Секој играч на паркетот мора да даде се од себе, да се бори за победа која многу ќе ни значи“, вели капитенот на српскиот состав, Новица Величковиќ.