Нов голем блесок на МекКејлеб, а Стојановски втор стрелец против Бешикташ!

Нови настапи на македонските кошаркарски интернационалци овок викенд…

Лестер Бо МекКејлеб беше најрасположен во дресот на Сарагоса во гостинскиот дебакл кој го доживеа кај Валенсија со 103:58.

Нашиот плејмејкер беше далеку најдобар пред своите тимски колеги со 18 поени за скоро 30. минути игра на паркетот (9/9 од поле, 0/2 за три поени), додаде еден скок и седум асистенции.

После 16. коло во најсилната шпанска лига, Сарагоса е на 15. место со 10 бодови, а во следното коло ќе игра 21. јануари дома против Сан Пабло Бургос.

Потоа, Војдан Стојановски беше втор стрелец во поразот (трет по ред) на Бујукчекмече кај Бешикташ (78:65) со 14 реализирани поени, единствено поефикасен од него беше само Бурак Чан Јилдизли (15).

После 15. коло во најквалитетната турска Суперлига, Бујукчекмече е на 10. позиција со 20 бодови и својот нареден лигашки дуел ќе го има на 27. јануари кај Сакарја.

Центарот Предраг Самарџиски повторно во иста улога, беше во составот на Мега Бемакс, но не доби никаква шанса за настап во АБА лигата.

Во 16. коло од регионалното натпреварување српскиот состав загуби дома од црногорскиот Будуќност со 83:94. Во генералниот пласман Мега е на осмото место со 21 бод, и во наредното коло на 20. јануари ќе гостува во Хрватска кај Цедевита.

И на крајот повторно нашиот репрезентативен центар Љубомир Младеновски не беше во составот на Илирија во новиот лигашки меч во Словенија каде што претрпе пораз од послаборангираниот Шентјур (83:94) после едно продолжение.

На табелата Илирија е на седмото место со 19 бодови и наредниот натпревар ќе го има на 20. јануари кај екипата на Крка.