Ноле не им донесе среќа: ЦСКА Москва пресилна за Антиќ и Црвена Звезда!

Денеска продолжија возбудувањата од Евролигата со натпревари во рамките од седмото коло… 

Составот на Црвена Звезда на домашен терен во Арената „Александар Николиќ“ во Белград, каде што присуствуваше и тенисерот Новак Ѓоковиќ, загуби убедливо од ЦСКА Москва со 59:85 (10:22, 17:22, 7:21, 25:20).

За српскиот гигант најефикасни беа Рочести со 15 поени (пет асистенции), Фелдејн со 12 поени, а како трет стрелец се издвои македонскиот интернационалец Перо Антиќ со девет поени (1/2 од поле, 1/5 за три поени, 4/5 од слободните фрлања), додаде пет скока и две загубени топки за нешто над 21 и пол минута игра на паркетот.

За руската екипа брилјираше Де Коло со 16 поени (четири загубени топки), додека 13 поени и седум скокови беа дело на Хајнс.

Ова е веќе трет пораз за „црвено-белите“ во низа за моментно 12. место на табелата, додека ЦСКА Москва е на врвот со шест победи пред Олимпијакос и Химки на втората, односно третата позиција.

И ПОКРАЈ УБЕДЛИВИОТ ПОРАЗ ВЕРНИТЕ НАВИВАЧИ „ДЕЛИИ“ ЈА ДАДОА НЕОПХОДНАТА ПОДДРШКА: