Непоразен и по осум кола: Работнички подобар во дербито од МЗТ Скопје Аеродром!

И по осум одиграни натпревари во Првата лига за сезоната 2017/2018, Работнички останува без ниту еден пораз.

Во рамки на последниот натпревар, со кој се заокружи и осмото коло „центарци“ запишаа уште една победа, овој пат на гостински терен против лутиот градски ривал МЗТ Скопје Аеродром.

Натпреварот изобилуваше со резултатски пресврти на двете страни, но во финишот кошаркарите од клубот од Градски Парк беа посконцентрирани и заверија уште една победа на своето конто.

На табелата води Работнички со максимални 16 бодови, пред Блокотехна која има само еден пораз (15), а на делба на третото место се МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи, Гостивар и Фени Индустри со по 13.

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 71-76 (17-15, 21-20, 20-19, 13-22)

СТРЕЛЦИ
МЗТ Скопје Аеродром: Симоновски (18поени), Трајковски (6), Стојановски (19), Павличевиќ (7), Спасојевиќ (5), Мајсторовиќ (4), Соколов (2), Мавра (6)

Работнички: Костов (13поени), Гинјард (20), Робинсон (5), Крстевски Б. (16), Николовски (11), Мираковски (7), Чековски (4)