Немоќен и пред Приморска: АВ Охрид последнопласиран во втората АБА лига!

Македонскиот кошаркарски клуб во последното 22. коло го претрпе и 21. пораз овојпат во Словенија.

АВ Охрид денеска со конечен резултат 92:54 (21:11, 28:8, 21:14, 22:21) загуби од екипата на Приморска која од претходно обезбеди учество во полуфиналната плеј-оф серија заедно со Борац, Вршац и Крка.

За нашиот претставник најрасположени стрелци беа Бакоч со 14 поени (осум скокови), Рос со 12 поени (седум скокови, шест асистенции, четири загубени топки) и Зафиров со 11 поени.

На спротивната страна Ферм реализираше 15 поени, еден помалку неговиот тимски колега Морина, додавајќи пет скокови.

Од друга страна во својата дебитантска сезона во втората АБА лига, охриѓани го освоија последното 12. место со 23 бодови, со една победа и тоа службена минатата година во декември против Босна.

Фото: Sixt Primorska/Jani Turk