НБА: Што се случува со Кливленд, четврти пораз во низа! (ВИДЕО)

Кливленд го претрпе и петтиот пораз (четврти по ред) од стартот на сезоната во НБА лигата…

Подобра од него доцна синоќа беше Индијана со конечен резултат 124:107, најдобри стрелци беа Тадеус Јанг со 26 поени, еден помалку Дарен Колисон.

На спротивната страна не помогна ниту одличниот учинок на ЛеБрон Џејмс со 33 поени и 11 асистенции, како и „дабл-дабл“ на Кевин Лав од по 13 поени и скокови.

НБА, резултати:

Шарлот Хорнетс-Милвоки Бакс 126:121
Кливленд Кавалирс-Индијана Пејсерс 107:124
Филаделфија Сиксерс-Атланта Хокс 119:109

Вашингтон Визардс-Феникс Санс 116:122
Бостон Селтикс-Сакраменто Кингс 113:86
Мајами Хит-Чикаго Булс 97:91

Мемфис Гризлис-Орландо Меџик 99:101
Њу Орлеанс Пеликанс-Минесота Тимбервулвс 98:104
Њујорк Никс-Хјустон Рокетс 97:119

Денвер Нагетс-Торонто Репторс 129:111
Јута Џез-Портланд Трејл Блејзерс 112:103 (94:94, по 1. продолжение)
Лос Анџелес Клиперс-Далас Маверикс 119:98