НБА: Прв „трипл-дабл“ за Вестбрук, за Оклахома дебитираа Ентони и Џорџ! (ВИДЕО)

Доцна синоќа се одиграа вкупно три натпревари во новата сезона од НБА лигата…

Расел Вестбрук го забележа првиот „трипл-дабл“ учинок оваа сезона во убедливата победа на Оклахома Сити Тандер против Њујорк со резултат 105:84.

Најкорисниот играч за минатата сезона (МВП) реализираше 21 поен, 16 асистенции и 10 скокови, иако тука можеме да ги додадеме и седумте загубени топки.

Во составот на Оклахома дебитираше Кармело Енотни кој постигна 22 поени против својот поранешен тим, а шест повеќе имаше и второто ново засилување Пол Џорџ кој додаде шест скокови во првиот настап за „громовите“.

На спротивната страна Никси беа предводени од летонскиот „џин“ Кристапс Порзингис со 31 кош и 12 скокови, а „двоцифрен“ беше уште досегашниот центар на Оклахома, Енес Кантер со 10 поени, седум скока и три украдени топки.

НБА, резултати:

Торонто Репторс-Чикаго Булс 117:100
Оклахома Сити Тандер-Њујорк Никс 105:84
Лос Анџелес Лејкерс-Лос Анџелес Клиперс 92:108