НБА плеј-оф: Голден Стејт без Кари поведе во серијата против Сан Антонио! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1:0 во првата рунда од НБА плеј-офот против Сан Антонио на домашен терен (113:92).

Без двократниот МВП Стеф Кари (кој поради повреда на левото колено не игра од 23. март и нема да биде дел од целата прва рунда), Вориорси стартуваа со триумф предводени од Клеј Томпсон со 27 поени и Кевин Дурент со 24 поени, осум скокови и седум асистенции.

За Спарси се истакнаа Геј со 15 поени, а по 14 имаа Форбс и Олдриџ. Џинобили застана на девет, а изненадувачки Паркер имаше само два поени со лош шут на реализација (1/8).

НБА плеј-оф, резултати:

Голден Стејт Вориорс-Сан Антонио Спарс 113:92 (1:0)
Торонто Репторс-Вашингтон Визардс 114:106 (1:0)

Филаделфија Сиксерс-Мајами Хит 130:103 (1:0)
Портланд Трејл Блејзерс-Њу Орлеанс Пеликанс 95:97 (0:1)