НБА: Милвоки се избори за „мајсторка“ против Бостон! (ВИДЕО)

Доцна синоќа се одигра еден натпревар од НБА кошаркарскиот плеј-оф…

Екипата на Милвоки во шестиот меч на домашен терен успеа да го совлада Бостон со резултат 97:86 и на тој начин израмни во серијата на 3:3 во првата рунда на Источната конференција.

Седмиот решавачки дуел на теренот во Бостон ќе одлучи кој ќе игра против составот на Филаделфија во полуфиналето на Истокот.

Најзаслужен за триумфот на Бакси беше грчкиот интернационалец Антетокунмпо кој забележа „дабл-дабл“ учинок од 31 поен и 14 скокови (четири асистенции), а на спротивната страна во редовите на Селтикси доминираше Татум со 22 поени.