НБА: „Кралот“ Џејмс надмина уште еден рекорд на легендарниот Џордан! (ФОТО, ВИДЕО)

Кошаркарите на Кливленд го совладаа Њу Орлеанс со 107:102 доцна синоќа во НБА лигата…

Овој натпревар го одбележа играчот на Кавалирси, Леброн Џејмс, кој надмина уште еден рекорд на легендарниот Мајкл Џордан.

„Кралот“ во триумфот на тимот од Охајо забележа 27 поени, 11 скокови и девет асистенции, и само едно успешно додавање го делеше од нов „трипл-дабл“ учинок.

Но, Џејмс фактички благодарение на билансот на поените го надмина рекордот на Џордан, откако во 867. натпревар по ред постигна повече од 10. поени.

Исто така, во победата над Пеликанси придонесоа уште Џордан Кларксон со 23 поени, седум помалку запиша Родни Худ. А на спротивната страна Дру Холидеј имаше 25 поени, следен од Никола Миротиќ со 20.

НБА, резултати:

Орландо – Чикаго 82:90

Атланта – Филаделфија 91:101

Кливленд – Њу Орлеанс 107:102

Хјустон – Феникс 104:103

Оклахома – Денвер 125:126 (по 1. продолжение)

Далас – Минесота 92:93

Јута – Мемфис 107:97

Лос Анџелес Лејкерс – Милвоки 122:124 (по 1. продолжение)

Портланд – Лос Анџелес Клиперс 105:96

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Торонто Репторс (55-20)
2.Бостон Селтикс (52-23)
3.Кливенд Кавалирс (46-30)

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Хјустон Рокетс (62-14)
2.Голден Стејт Вориорс (54-21)
3.Портланд Трејл Блејзерс (47-29)