НБА: Како да се запре Бостон, а Пол Џорџ броеше до 42 против ЛА Клиперс! (ВИДЕО)

Бостон доцна синоќа ја продолжи успешната серија, откако дојде до 11. победа по ред остварена над Шарлот (90:87) во НБА лигата.

Најефикасни во редовите на Селтикси беа Ларкин и Тејтум со по 16 поени, а кај Хорнетси доминираше Вокер со 20 поени.

Лоша вест за Бостон е тоа што на самиот старт од мечот остана без најдобриот играч Ирвинг кој доби удар во глава (од соиграч) и го напушти паркетот.

Оклахома на свој терен беше подобра од Лос Анџелес Клиперс со 120:111, а Пол Џорџ блескаше во феноменална партија со 42 поени, девет скокови и седум асистенции.

НБА, резултати:

Детроит Пистонс-Атланта Хокс 111:104
Бостон Селтикс-Шарлот Хорнетс 90:87

Чикаго Булс-Индијана Пејсерс 87:105
Оклахома Сити Тандер-Лос Анџелес Клиперс 120:111

Феникс Санс-Орландо Меџик 112:128
Сан Антонио Спарс-Милвоки Бакс 87:94

Јута Џез-Мајами Хит 74:84
Портланд Трејл Блејзерс-Бруклин Нетс 97:101

ВОЕДНО ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈДОБРИТЕ 10 ПОТЕЗИ НА ДЕНОТ…

Воедно во продолжение можете да ги погледнете најдобрите 10 потези од одиграните осум натпревари, уживајте во мајсториите на Џексон, Напјер, Џорџ, Вестбрук, Антетокунмпо, Дан, Оладипо, Вилијамс и Буркс.