НБА: Хјустон подобар од Голден Стејт, 20 асистенции на Вестбрук против „Кралот“! (ВИДЕО)

Две големи НБА пресметки се завршени доцна синоќа…

Кливленд е поразен од Оклахома со резултат 124:148, додека Хјустон со 116:108 го надигра Голден Стејт.

Кавалирси немаа решение за Џорџ кој реализираше 36 поени, Ентони уфрли 29, а Вестбрук 23 поени и дури 20 асистенции.

Пол имаше нова одлична партија против Вориорси запишувајќи 33 поени и заедно со Харден (22) им го нанесат пораз на Голден Стејт во Окленд за прв пат од ноември минатата година.

НБА, резултати:

Кливленд Кавалирс-Оклахома Сити Тандер 124:148
Атланта Хокс-Чикаго Булс 97:113
Шарлот Хорнетс-Мајами Хит 105:106
Њу Орлеанс Пеликанс-Мемфис Гризлис 111:104
Филаделфија Сиксерс-Милвоки Бакс 116:94
Хјустон Рокетс-Голден Стејт Вориорс 116:108
Минесота Тимбервулвс-Торонто Репторс 115:109
Јута Џез-Лос Анџелес Клиперс 125:113
Портланд Трејл Блејзерс-Далас Маверикс 117:108

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Бостон Селтикс 34-12
2.Торонто Репторс 31-14
3.Кливленд Кавалирс 27-18

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Голден Стејт Вориорс 37-10
2.Хјустон Рокетс 32-12
3.Сан Антонио Спарс 30-17