НБА: Хјустон е новиот полуфиналист во Западната конференција! (ВИДЕО)

Доцна синоќа во првата рунда од НБА плеј-офот, составот на Хјустон Рокетс во петтиот натпревар дома триумфираше со резултат 122:104…

На тој начин со вкупни 4:1 во серијата Рокетси ја елиминираа Минесота и се пласираа во полуфиналето на Западната конференција.

Во победничките редови доминираше Капела со 26 поени (15 скокови), следен од Харден кој запиша 24 поени (12 асистенции, пет скокови.

На спротивната страна за Тимбервулвс блескаше Таунс со 23 поени (14 скокови), додека со 20 поени се истакна Крофорд.

Хјустон во полуфиналето го очекува победникот од дуелот Оклахома-Јута каде што синоќа пред своите гледачи со 107:99 триумфираше Сити Тандер и намали во серијата на 3:2.

Фантастичен беше Вестбрук со 45 поени (15 скокови, седум асистенции, но имаше и пет загубени топки), а пак Краудер кај „џезерите“ забележа 27 поени (осум скокови).

Во останатите два дуели на Истокот, Кливленд беше подобар од Индијана (98:95) поведувајќи со 3:2 благодарение на Џејмс, а Торонто исто така поведе со 3:2 после домашната победа над Вашингтон со 108:98.