НБА: Голем пресврт во Њујорк, Кливленд се врати од „минус 23“! (ВИДЕО)

Доцна синоќа беа одиграни вкупно девет натпревари во НБА лигата…

Еден одличен меч имаше во „Медисон Сквер Гарден“, каде што Кливленд со еден голем пресврт дојде до победа над Њујорк со резултат 104:101.

Домаќините после првото полувреме водеа со 51:38, а на крајот од третата четвртина имаа и плус 23 позитива. Но, и покрај тоа во последната делница голем пресврт на Кавалирси каде што уфрлија дури 43 поени (43:25).

ЛеБрон Џејмс беше прв стрелец на Кливленд со 23 поени, 12 асистенции и девет скокови, Корвер постигна 21 поен, а на спротивната страна за Никси доминираше Хардавеј со 28 поени.

НБА, резултати:

Вашингтон-Сакраменто 110:92
Њујорк-Кливленд 101:104
Милвоки-Мемфис 110:103
Њу Орлеанс-Атланта 106:105
Феникс-ЛА Лејкерс 93:100
Јута-Минесота 98:109
Портланд-Денвер 99:82
Голден Стејт-Орландо 110:100
ЛА Клиперс-Филаделфија 105:109

-НБА: ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈДОБРИТЕ 10 ПОТЕЗИ-

Во продолжение погледнете ги и најдобрите 10 потези од изминатата ноќ…

Уживајте во мајсториите на Џејмс, Ембид, Симонс, МекДермот, Бил, Убре Џуниор, Буркс, Дејвис, Бијомбо, Ентони Таунс, Тиг, Ли и Ковингтон.