НБА: Фантастичен меч одиграа Индијана и Бруклин, нов триумф на Хјустон! (ВИДЕО)

Доцна синоќа се одиграа вкупно 11 натпревари во НБА кошаркарската лига…

Еден фантастичен натпревар одиграа екипите на Индијана и Бруклин, каде што домаќините славеа со конечен резултат 140:131.

Најдобар во редовите на Пејсерси беше Оладипо со 22 поени, а кај Нетси доминираше Расел со 30 постигнати поени.

После победата на стартот кај шампионот Голден Стејт Вориорс, составот на Хјустон дојде до нов триумф против Сакраменто.

Харден во дресот на Рокетси реализираше 27 поени, додека два помалку Гордон, а за Кингси прв стрелец беше Вили Коли-Стејн со 21 кош.

НБА, резултати:

Детроит Пистонс-Шарлот Хорнетс 102:90
Индијана Пејсерс-Бруклин Нетс 140:131
Орландо Меџик-Мајами Хит 116:109

Вашингтон Визардс-Филаделфија Сиксерс 120:115
Бостон Селтикс-Милвоки Бакс 100:108
Мемфис Гризлис-Њу Орлеанс Пеликанс 103:91

Далас Маверикс-Атланта Хокс 111:117
Јута Џез-Денвер Нагетс 106:96
Сан Антонио Спарс-Минесота Тимбервулвс 107:99

Феникс Санс-Портланд Трејл Блејзерс 76:124
Сакраменто Кингс-Хјустон Рокетс 100:105