НБА: Бостон против Филаделфија, а Голден Стејт поведе во полуфиналето на Западот! (ВИДЕО)

Во „ТД Гарден“ Арената во Бостон се одигра „мајсторката“ во првата рунда од Источната конференција во НБА плеј-офот…

Во седмиот решавачки натпревар составот на Бостон со резултат 112:96 триумфираше над Милвоки за конечни 4:3 во серијата.

Кај Бакси не помогнаа ниту 32. поени на Мидлтон, а на спротивната страна за Селтикси доминираа со по 26 поени Розиер (девет асистенции, шест скокови) и Хорфорд (осум скокови).

На тој начин Бостон се пласираше во полуфиналето на Истокот каде што ќе ги одмери силите против Филаделфија Сиксерс.

Веќе започна полуфиналето на Западот помеѓу Голден Стејт и Њу Орлеанс, каде што домаќините поведоа со 1:0 после победата од 123:101.

И без својата прва ѕвезда Кари кој и понатаму се опоравува од повредата на коленото, Вориорси доминираа најмногу благодарение на Томпсон со 27 поени (шест скокови) и Дурент кој запиша „дабл-дабл“ учинок од 26 поени (13 скокови). За Пеликанси најрасположен беше Дејвис со 21 поен и 10 скокови.