НБА: Бостон не знае да загуби, одлична ноќ за Кајри Ирвинг! (ВИДЕО)

Ниту Атланта не можеше да го запре Бостон до неговата 15. победа по ред во НБА лигата оваа сезона.

На крајот „зелено-белите“ славеа со конечен резлтат 99:110, иако после првите 12. минути игра од натпреварот имаа заостанување од 15 кошеви разлика.

Во следните три четвртини доминираа Селтикси (15:24, 27:36, 22:30), најмногу благодарение на Кајри Ирвинг кој реализираше 30 поени, а кај Хокси до 23 броеше Денис Шродер.

Во Источната конференција води Бостон Селтикс со 15 победи и два порази, пред Детроит Пистонс и Торонто Репторс со учинок од 10 победи и пет порази. Четврти е Вашингтон Визардс (9-6), а петти Кливленд Кавалирс (9-7).

На Западот води Хјустон Рокетс со 13 победи и четири порази, пред ланскиот шампион Голден Стејт Вориорс (12-4) и Минесота Тимбервулвс (10-5).

НБА, резултати:

Шарлот Хорнетс-Лос Анџелес Клиперс 102:87
Орландо Меџик-Јута Џез 85:125

Атланта Хокс-Бостон Селтикс 99:100
Филаделфија Сиксерс-Голден Стејт Вориорс 116:124

Мемфис Гризлис-Хјустон Рокетс 83:105
Далас Маверикс-Милвоки Бакс 111:79
Портланд Трејл Блејзерс-Сакраменто Кингс 102:90