МЗТ Скопје на чело со Трајковски и Лалиќ ја реши енигмата наречена АВ Охрид!

Фантастичната игра во третата четвртина (28-15), на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром им ја донесе победата на вечерашното гостување кај АВ Охрид (89-80) во меч од 5. коло од Суперлигата.

Квалитетот и искуството дојде до израз веднаш по одморот помеѓу двете полувремиња, кога „сино-белите“ брзо дојдоа до двоцифрена предност, која потоа умешно ја одржуваа до самиот крај.

Домаќинот пружи солиден отпор, особено во првите две четвртини, во кои тренерот Ѓорѓи Кочов ја бараше петорката од најрасположените играчи вечерва.

Аеродромци максимално доминираа во играта под кошевите, што најдобро се гледа по учинокот на Бојан Трајковски и на Јуре Лалиќ кои со 24 поени и девет скока односно 20 поени и осум скока беа најдобри во составот на МЗТ Скопје Аеродром.

На спротивната страна за охридската екипа доминираа Ахметбашиќ со 21 поен и Хенри со 19 поени (седум скокови).

Рундата ќе биде комплетирана в четврток со останатите два меча: Блокотехна-Работнички (17:45 ч.) и Куманово-Гостивар (19:00 ч.)

Фото: mztskopjeaerodrom.mk